Михаилов: Заедно со Премиерот проф. д-р. Христијан Мицкоски пешачиме до Петлец, во чест на војводата Даме Груев
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со Кире Михаилов и голем број на вистински патриоти кои ги сакаат своите корени и негуваат се што е македонско, денеска пешачеа повеќе часови до местото Петлец, во чест на македонскиот револуционер Даме Груев, кој пред 118 години, токму овде на планината Петлец во близина на Русиново, на 23-ти Декември 1906 година го положи својот живот во борбата за слободна Македонија.
“Денеска заедно со Премиерот на Република МАКЕДОНИЈА, Проф.Др Христијан Мицкоски и десетици други граѓани од цела МАКЕДОНИЈА ја изодивме патеката од село Русиново до Петлец, патеката која пред 118 години последно ја изоделе војводата Даме Груев и неговата чета пред да ги положат своите животи за слободна и независна МАКЕДОНИЈА! Вечна му слава на војводата Даме Груев и неговите соборци кои ги положиле животите за МАКЕДОНИЈА, вечна им слава на сите знајни и незнајни јунаци кои исто така вложиле во оваа слобода која ние денес ја уживаме! Да сте ми живи и здрави! Вечна да ни биде организацијата! Вечна да ни биде МАКЕДОНИЈА!” – порача Михаилов.
