Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по повод денешниот празник 11-ти Октомври, денеска пристигна во Прилеп каде што во присуство на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски и претседателката на У.Ж. Билјана Кузманоска, положи свежо цвеќе на Могилата на непобедените, а веднаш потоа истакна:
“Денешниот празник е најдобар доказ дека идеалот за Македонија и патриотизмот е најсилно оружје на еден човек. Партизаните, тој 11 Октомври 1941 година, како и нивните претходници револуционери, покажале невиден хероизам да се спротивстават на фашистичкиот и секој друг окупатор на татковината затоа што ги водела љубовта кон Македонија. Таа љубов гори во нас и нема да дозволи никој да се пазари со националните и државните интереси.
Нека е вечна славата и споменот на сите знајни и незнајни борци за Македонија.
Нека е вечен празникот 11 Октомври.
Нека е вечна Македонија” истакна Мицкоски.
