Масовна тепачка на ул.„Леце Котески” во Прилеп – реагираше и МВР
На 30.06.2026 во 22:15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Леце Котески” во Прилеп ги лишија од слобода Ц.М.(33), А.И.(30), Т.И.(30) , С.К.(44) и 15-годишен малолетник сите од с.Баница, струмичко бидејќи го нарушувале јавниот ред и мир со физичка пресметка.
По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – информира МВР.
