Kрушевскиот ОК на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш покажа дека хуманоста се препознава преку дела!!
Овие денови во Крушево, крушевскиот ОК на ВМРО ДПМНЕ спроведува голема хуманитарна акција за собирање училишен прибор за децата од социјално ранливите категории. Хуманитарната акција наиде на огромна поддршка од страна на крушевчани, што претставува уште една потврда за одличната иницијатива на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево.
Денеска уште еднаш покажавме дека хуманоста се препознава преку дела. Благодарност до сите граѓани кои денеска ја поддржаа хуманитарната акција и донираа училишен прибор за нашите најмлади сограѓани. Вашата поддршка е најголемата потврда дека заеднички можеме да направиме нешто добро за оние на кои им е најпотребно. Акцијата продолжува и утре, од 10:00 до 12:00 часот, на штандот пред црквата „Св. Никола“ во Крушево. Нека ни биде заедничка цел секое дете да ја започне учебната година со насмевка – порача претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево, Пеце Стојчески.
