Секоја чест! Ученичките од ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се новите ДРЖАВНИ ШАМПИОНКИ во мал фудбал, освојувајќи го првото место на државното финале од Плазма Спортските игри на младите
Ученичките од ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се новите ДРЖАВНИ ШАМПИОНКИ во мал фудбал, освојувајќи го првото место на државното финале од Плазма Спортските игри на младите, одржано на 30 јуни во Скопје. Веста ја потвдија и од ООУ “Гоце Делчев”, од каде соопштуваат:
“Нашите златни шампионки:
Посебна благодарност и честитки до нивниот наставник и ментор Игор Чадамов, чија професионалност, посветеност и неизмерна верба во учениците беа клучни во создавањето на оваа шампионска генерација.
Но, ова е само почеток!
Како државни шампионки, нашите фудбалерки од 17 до 22 август ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Сплит, Хрватска.
тимот предводен од наставникот Влатко Тошески и освоеното
ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп гордо стои зад своите ученици!” – се вели во соопштението од ООУ “Гоце Делчев”.
