Крушевскиот градоначалник присуствуваше на XVII International P.S. Guitar-Fest Крушево
Крушевскиот градоначалник Нико Чонески, присуствуваше на XVII International P.S. Guitar-Fest Крушево, кој и оваа година го претвори Крушево во вистински центар на музичката уметност. Во текот на фестивалот Чонески имаше можност да ужива во извонредните настапи на врвни уметници и млади таленти, кои преку својата посветеност и уметнички израз ни приредија незаборавни музички доживувања во прекрасниот амбиент на Спомен-куќата на Тоше Проески.
“Особено ме радува што овој фестивал продолжува успешно да ја негува културата, да ги поврзува младите музичари од различни земји и да го афирмира Крушево како препознатлива културна дестинација.
Ваквите настани се од огромно значење за развојот на културниот живот во нашиот град и претставуваат гордост за сите нас.
Им честитам на организаторите за успешно реализираниот фестивал и им посакувам уште многу успешни изданија во иднина” – истакна Чонески.
