Јовчески: Заеднички да помогнеме на малиот Никодим, кој има потреба од нашата поддршка
Почитувани сограѓани,
Ве поканувам да ни се придружите на утрешната ноќна трка „Трчаме 5-ка за Никодим“, која ја организираме на 2 ноември во 19:00 часот, како дел од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Прилеп. Оваа година, покрај тоа што го чествуваме големиот празник на нашиот град, имаме и благородна цел – заеднички да помогнеме на малиот Никодим, кој има потреба од нашата поддршка.
Два часа пред трката, односно од 17:00 до 19:00 часот пред Камената бина ќе има кутија каде ќе може да донирате и со самата донација да го подигнете вашиот стартен број! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
