Коњановски го пречека амбасадорот Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Битола

Сподели го ова:





























Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски имаше работна средба со полскиот амбасадор Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Битола.

“На средбата разменивме мислења за билатералните односи меѓу двете земји, а го запознав полскиот амбасадор со личната карта на градот.

Разговаравме и за можностите за соработка, при што го информирав за потенцијалите кои ги нуди градот под Пелистер.

Главниот акцент беше ставен на економската соработка, а зборувавме и за културата и уметноста” – порача Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави