Коњановски: Битола не е повеќе слепо црево како во минатото
Битолскиот градоначалник Тони Коњановски на Саемот на отчетност на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кој викендов се одржува во Скопје, истакна дека Битола не е повеќе слепо црево како во минатото.
Битола во изминатиот четири годишен период е навистина едно огромно градилиште. Не е повеќе слепо црево како во минатото. Влезот во Битола го правиме, едно велелепно булеварско решение, првата третина е веќе при завршување првите 800 метри, булеварско решение со сите стандарди, со комплетна инфраструктура со пешачки патеки, со велосипедски патеки, градот веќе има сосема друг лик и во тој однос – истакна Коњановски.
