Кога игра Македонија на СВЕТСКО, не се прашува за цена! До 100 евра ќе платат македонските навивачи за билети за натпреварите од втората фаза
Денеска, македонската селекција од 15:30 часот, ќе игра против ракометната екипа на Австрија на СП во ракомет. Светската ракометна федерација (во соработка со домаќинот Хрватска), ги соопшти цените за втората фаза од ова Светско првенство, при што истите тие најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра македонската ракометна репрезентација. Цените на билетите за натпреварите во Вараждин се зголемени и истите достигнуваат и до 100 евра.
Битно е да се напомене, дека за разлика од Вараждин, во „Арената Загреб“, каде што ќе се играат натпреварите од втората фаза, билетите се пуштени во продажба и достигнуваат до 80 евра!
