Ќе ловеле срни и елени?? На Пелистер, МВР уапси три лица кои имале огнено оружје во строго заштитена зона!
На 13.08.2026 во 03:00 часот на место викано „Голема грива“ во Национален парк „Пелистер“, полициски службеници од Полициското одделение Велушина и од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишија од слобода Н.С.(33) од Битола, Р.Ј.(53) од с.Кишава, битолско и Б.Г.(48) од Битола.
Тие биле затекнати со огнено оружје во строго заштитена зона, при што се лишени од слобода, одземено им е оружјето и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информира МВР.
