Камениот мост кај Зовиќ – препознатлив симбол на мариовскиот регион

Сподели го ова:





























Камениот мост кај Зовиќ не е само пат над вода – тој е патување низ времето, преку кој одекнуваат чекорите на минатото и тишината на Мариово. Во свет каде сè брзо се менува, мостот останува како тивок сведок на едно поедноставно и за многумина поубаво време, кога човекот живееше поблиску до природата и до себеси. Камениот мост се наоѓа во непосредна близина на селото Зовиќ, а неговата намена била премостување на Градешка Река и поврзување со населението од другата страна на реката, односно со мариовските села Бешиште, Полчиште, Старавина и Градешница.

Мостот е изграден од делкани камени блокови и е препознатлив симбол на мариовскиот регион. Според кажувањата на мариовците порано на истото место имало дрвен мост, но во 1952 година се случил немил настан и мостот паднал. Имено додека Велко Трајковски жител на околните населени места преку дрвениот мост водел воловска кола, мостот се преполовил заради застареност и тежината на товарот и дрвениот мост се срушил. Кога се случила несреќата Велко заедно со колата и воловите паднале во реката. Како последица од падот тој имал сериозни повреди на ᾽рбетот, но преживеал и со одреден степен на инвалидитет успеал да дочека и длабока старост.




Сподели го ова:

Слични објави