„Како дишам јас“- одличен концерт во Прилеп на Сергеј Настески заедно со своите колеги
Вчера вечерта прилепчани уживаа во концертот „Како дишам јас“, каде Сергеј Настески заедно со своите колеги приредија музичка вечер исполнета со автентичниот звук на македонската традиција. Со својата енергија, талент и посветеност покажаа дека народната музика има свое место и меѓу младите генерации.
“Посебно радува што токму млади уметници од нашиот град создаваат настани кои ја негуваат и промовираат македонската култура. Тие се вистински пример дека со труд, знаење и љубов кон традицијата може достоинствено да се претставува Прилеп. Наша обврска е да бидеме нивна поддршка, да ги охрабруваме и да вложуваме во младите кои со својата работа го збогатуваат културниот живот на градот.
Им честитам на Сергеј, на неговите колеги и на сите учесници за прекрасната вечер и им посакувам уште многу успешни настапи и нови достигнувања.
Прилеп се гордее со вас!” – истакна Проданоски.
