ЈП “Стрежево” – Битола: На 8 јуни официјално започнува сезоната за наводнување на земјоделските површини
Врз основа на известувањето од ЈП “Стрежево” – Битола, ве информираме дека на 8 јуни официјално започнува сезоната за наводнување на земјоделските површини во Битола. Во тек е полнењето на цевководната мрежа и подготовката на системот за непречено и навремено снабдување со вода.
“Ги повикуваме граѓаните кои имаат потреба од наводнување навремено да ги пријават површините што ќе ги користат и да склучат договори за наводнување, со цел ефикасно планирање и организирање на распределбата на водата.
Навременото пријавување и склучување на договорите ќе придонесат за подобра координација на системот и поквалитетна услуга за сите корисници.
Ви посакуваме успешна, плодна и родна земјоделска сезона” – информираат од ЈП “Стрежево” – Битола.
