Јовчески ги одликува со признание хероите кои учествуваа во гасењето на големиот пожар во Мариово кој се случи минатата година
Денеска, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески во неговиот кабинет оствари средба со членовите на доброволните противпожарни друштва „Архангел“ од Битола и „Маркови Кули“ од Прилеп, кои минатата година со својата несебична пожртвуваност и храброст учествуваа во гасењето на големиот пожар во областа Мариово.
“На овие храбри момци им доделивме благодарници како знак на признание за нивниот огромен придонес и покажаната посветеност во моменти на криза. Во текот на оваа средба, со гордост потпишавме и меморандум за соработка, кој ќе ја зцврсти нашата заедничка мисија за заштита на животната средина и безбедноста на нашите граѓани.
Од оваа средба произлезе иницијатива за доекипирање на овие здруженија и оваа соработка да се прошири на ниво на пелагонискиот регион! Голема благодарност до сите кои секојдневно се залагаат за доброто на заедницата!” – истакна Јовчески.
