ЈКП “Водовод” – Битола успешно го санира дефектот на ул. Индустриска во населба Боримечка – по завршувањето на интервенцијата, извршено е миење на улицата
Дефектот на ул. Индустриска во населба Боримечка е успешно саниран. По завршувањето на интервенцијата, извршено е миење на улицата, а површината е целосно вратена во првобитната состојба.
ДЕМАНТ од ЈКП “Водовод” – Битола
Почитувани,
Јавно демантираме неточни информации објавени во одредени политички статуси за состојбата на улицата Индустриска во н. Боримечка.
Информираме дека чистењето на улиците се врши веднаш по завршувањето на санацијата на дефектите и интервенциите на водоводната мрежа. Во текот на работите, при ископ и поправка, нормално е да има привремено нарушување на површината, но по комплетирање на санацијата нашите екипи вршат расчистување и доведување на теренот во соодветна состојба.
ЈКП „Водовод – Битола, продолжува одговорно и посветено да работи во интерес на граѓаните.
Со почит,
ЈКП “Водовод” – Битола
