ЈА ЗАПРОСИ ПРЕД МЕСЕЦ, А ВЧЕРА ПРАВЕШЕ СВАДБА?? Прилепчанецот Ален Хасановиќ вчера вечерта за најблиските организираше “пред свадбен коктел”
Само што ја запроси својата девојка пред речиси еден месец, прилепчанецот Ален Хасановиќ заедно со својата избраничка, вчера си направија “пред свадбен коктел”, кој всушност е подготовка за нивната свадба која ќе се случи наредното лето. Вчерашниот “пред свадбен коктел” беше во кругот на најблиските пријатели и роднини во еден прилепски хотел во центарот на Прилеп.
Ален беше скоцкан целиот од глава до пети, при што носеше елегантно сако и бела кошула кои ги искомбинира со црни панталони. Што се однесува пак до неговата избраничка Аида, таа носеше елегантна розова венчаница, со тантела на горниот дел.
Навистина мора да признаеме дека Хасановиќ е заљубен до уши, бидејќи само пред неполни две години Ален во ТВ емисијата кај Гоце Балада истакна дека рано е за женидба… Меѓутоа не било баш така…
