Има повеќе прилепчани! УКИМ ги објави 6-те наградени универзитетски професори
Сподели го ова:
Денес, на 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се приклучува кон светската заедница во одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, прогласен од УНЕСКО. Оваа година, темата: „Доверба, трансформација и иднината: Науката што ни е потребна за 2050 година“ повикува на размислување како се создава науката денес, и како се гради довербата во неа, за генерациите што доаѓаат.
Бидејќи, науката отсекогаш била двигател на човечкиот напредок, а денес, повеќе од кога било, потребна е наука што гради доверба – доверба меѓу истражувачите и општеството, меѓу универзитетите и индустријата, меѓу знаењето и етиката. Токму во довербата, се раѓа можноста за вистинска трансформација – онаа што ги менува системите, економијата, образованието и начинот на кој се гледа кон иднината. Потребна е наука што создава нови технологии, но и нови вредности, наука што се грижи за човекот, за општеството, за планетата, наука што е отворена, одржлива и хумана.
Денес, на Светскиот ден на науката, со гордост ги чествуваме најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чии резултати за 2024 година, ја претставуваат токму таа визија – наука што гради доверба и отвора пат кон иднината. Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, ја додели годишната Награда на Универзитетот, за постигнати врвни резултати во научноистражувачката и уметничката дејност во текот на изминатата календарска година. Притоа, добитници на Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2024 година, се:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, од Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки;
проф. д-р Христијан Ѓорески, од Факултетот за електротехника и информациски технологии, најдобар научник за техничко-технолошки науки;
проф. д-р Драган Мијакоски, од Медицинскиот факултет, најдобар научник за медицински науки и здравство;
вон. проф. д-р Мартин Николовски, од Факултетот за ветеринарна медицина, најдобар научник за ветеринарни и земјоделски науки;
проф. д-р Огнен Спасовски, од Филозофскиот факултет, најдобар научник за општествени науки, и
проф. д-р Драган Даутовски, од Факултетот за музички уметности, најдобар научник за хуманистички науки.
Истакнувајќи го значењето на научната дејност за нашето општество, ректорката на УКИМ, проф. д-р Ангелова упати честитки до сите наградени, истакнувајќи: „Вие сте инспирација за сите нас, особено за идните генерации што ќе го водат нашето општество кон поинтелигентна и поодржлива иднина. Да продолжиме сите заедно да ја негуваме довербата во науката, да ја поттикнуваме трансформацијата преку знаење, и да ја градиме иднината што ја заслужуваме – иднина во која науката е јадро на мирот, развојот и човековата благосостојба.“
Учебната година започна, министерот за образование и наука единствено нешто што законски реализира е само календарот за работа т.е. учебната година започна на 1-ви септември се останато е ставено на маргините – истакна Симоновски од ВМРО – ДПМНЕ на неговата прес конференција, каде мeѓудругото истакна: “Учебници нема, материјали се дадени електронски, родителите сами да ги…
Талентираниот прилепчанец Ѓорѓи Стојанов пред еден месец имаше спектакуларен успешен настап на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивал кој по четврт пат се одржа во Прилеп. Имено, Ѓорѓи оваа година настапи со песната “Манекен сум јас”, песна која што специјално за него ја направи Гоце Илиески Балада (музика и текст), а аранжманот за оваа песна…
На 19.03.2026 во 21:00 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на паркинг простор пред магацин на правно лице на ул.„Стеван Апостолоски“ во Прилеп настанал пожар во кој изгореле четири мотоцикли, сопственост на правното лице. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид е извршен од екипа…
Прилепчанките Ангела Трајкоска, Тамара Цветаноска и Елена Дејкоска моментално се во Букурешт, каде се одржува Балканското првенство во борење. Имено, овие девојки се три репрезентативки на У 15 репрезентацијата во борење на Македонија. Селекторот на оваа женска репрезентација е нашиот докажан прилепчанец Илчо Марковски. Ангела Трајкоска на ова Балканското превенство во Букурешт го освои високото…
Денеска, православната црква го празнува празникот посветен на св. Атанасиј Велики – роден во Александрија во 296 година, кој уште од детството бил наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност…
Во полуфиналето на плеј офф-от натпреварувањето во Супер лигата во пинг-понг, екипата на “Младост 96” од Прилеп, во Берово ја победи истоимената екипа на “Берово” со резултат 4-1, и со вкупен резултат од 2-0 се пласира во финалето на плеј офф-от. Одличната игра во полуфиналето имаше од страна на играчи. Две победи извојува Стомнароски и…