И небото ќе плаче! Овој четврток ќе бидат погребани загинатите во пожарот во Кочани
Погребите на 59-те загинати ќе биде во четврток, 20 март.
–На погребот, ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин од страна на државата, преземено се она што е потребно да се обезбеди достоинствен погреб којшто нема сепак да ја намали болката на оние коишто ги изгубија своите чеда толку млади… Погребот ќе биде во четврток, но точниот час ќе го определиме, односно ќе го определи МПЦ Синодот, бидејќи владиката сака да присуствува на повеќето места, затоа што се работи за чеда од неговата епархија – истакна Стојанче Ангелов.
–
