Граороски: Ова е тимот кој ќе работи за секој граѓанин, за развој на селата и подобра иднина за Кривогаштани
Жителите на Општина Кривогаштани живеат во надеж дека конечно општината ќе тргни напред и дека ќе се изгради успешно населено место каде што традицијата ќе биде нивни темел, а иднината нивна цел. Имено, кандидадот за градоначалник на општина Кривогаштани од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Граороски, го претстави својот тим за советници кои на претстојните избори ќе се борат да победат во кривогаштани.
“Почитувани сограѓани, како кандидат за градоначалник на општина Кривогаштани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со гордост ја претставувам советничката листа за Кривогаштани.
Ова се луѓе со чесност,знаење и визија кои ќе ја водат општината во вистински правец.
Тим кој ќе работи за секој граѓанин,за развој на селата и подобра иднина за Кривогаштани” – порача Граороски.
