Сите држави имаат своја мафија, но само во Македонија мафијата има своја држава
Вчера, во студиото на Македонската Телевизија се одржа дебата на кандидатите за претседател на Република Македонија пред првиот круг на претседателските избори. Во однос на принципите на кандидатите за владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, Сиљановска-Давкова истакна:
„Сите држави имаат своја мафија, но само во Македонија мафијата има своја држава. Ако застанете зад измените на кривичниот законик и со тоа овозможите амнестија за тешки кривични дела тогаш Вие, господине Пендаровски учествувате во корупцијата. Јас и ВМРО-ДПМНЕ не правевме кворум туку гласавме против измените на Кривичниот законик, факт кој што го констатираше и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Вие велите дека не сте ставиле вето на измените на Кривичниот законик затоа што пратениците и онака повторно ќе го потврделе во повторената постапка. Но, Претседателот треба да стави вето за да го испочитува Уставот и така да не дозволи криминал и корупција“ – истакна Сиљановска-Давкова.
