Градот, спомен обележјата и парковските површини кристално чисти, во очи на Денот на независноста на Република Македонија
Во пресрет на големиот државен празник 8 септември, Општина Прилеп заедно со Јавните комунални претпријатија се потрудија впрочем како и секој ден, градот, спомен обележјата и парковските површини да бидат кристално чисти во очи на Денот на независноста на Република Македонија!
Додека за големото државно знаме во центарот на градот добивме одговор од надлежните служби во Владата на Република Македонија, затоа што тоа е во нивна надлежност, дека истото ќе биде заменето со ново во наредните денови.
Општина Прилеп изрази загриженост што се остави најголемиот државен симбол во градот да се најди во таква лоша состојба.
Нека ни е вечна Република Македонија и нека ни е честит Денот на независноста! – истакнуваат од Општина Прилеп.
