Во Прилеп – ден пред Водици, човек ја украде кутијата со донации за доизградба на црква
Денеска, пред продавница во населбата Точила во Прилеп, непознато лице ја украде кутијата за донации која стоеше пред продажниот објект, а во истата имаше парични средства кои граѓаните ги донираа за доизградба на црковен храм.
Тежок грев, направен наспроти големиот христијански празник Водици.
Бог гледа се!
фото: Скрин шот / фотографија која се споделува на социјалните мрежи
