Градоначалникот Јовчески и денеска продолжи со посетата на училиштата во Општина Прилеп и правеше увид во реализацијата на сите проекти
Сподели го ова:
Градоначалникот Јовчески и денеска продолжи со посетата на училиштата во Општина Прилеп, и правеше увид во реализацијата на сите реализирани проекти. Денеска во неговата агенда на посети беа прилепските основни училишта ООУ „Климент Охридски“ и ООУ „Добре Јованоски“.
Како што истакна Јовчески, еве што поточно е направено во овие две училишта во општина Прилеп:
Oд 1-ви декември па досега во ООУ „Климент Охридски“
континуирано се инвестираше:
Комплетно уредување на школскиот двор.
Нови огради на двете страни на фудбалското игралиште.
Два кошеви за баскет.
Комплетна реконструкција на тоалетите во посебното училиште.
Адаптирана нова спортска сала за децата со посебни потреби.
Реконструкција на престој.
Комплетна реконструкција на сензорната соба во посебните паралелки.
Доопремување на ресурсни материјали за дефектолозите.
Градежна реконструкција на школскиот двор во подрачното училиште во с.Мажучиште.
Нови пвц врати во внатрешниот дел на подрачното училиште во с.Мажучиште.
5 смарт телевизори за новата концепција на учење.
Комплетна реконструкција на просториите за техничкиот персонал.
Комплетна реконструкција на 1 и 2 кат на ѕидовите во училиштето.
Нова комплетно уредена библиотека во училиштето.
Комплетна реконструкција на сите тоалети во училиштето(6 тоалети)
Смена на сите светилки,во замена со смарт лед светла на сензор.
Комплетно опремување на спортски ресурси за во двете сали.
Нов кабинет по природни науки со поставување на комплетен одвод и довод.
Комплетно варосување на ходниците во училиштето и стоматолошката ординација.
Набавка на преку 50 столчиња.
Замена на дел од стаклата на задниот дел на влезот,со перфорирани стакла.
Комплетно преуредување на зелената површина во училиштето на 3 паркови.
Сите овие поправки и реконструкции со цел подобрување на образовниот процес во ООУ „Климент Охридски“ се обезбедени од финансискиот план на локалната самоуправа. Што се однесува пак до ООУ „Добре Јованоски“, ова училиште овој летен распуст максимално го искористи во подобрување на своите услови за работа и тоа:
Поставувајќи наставно – образовни помагала (смарт табли) во вредност од (521.520 ден) со средства од буџетот на Локалната самоуправа – Прилеп.
Грижејќи се за подобра безбедност на учениците, ова училиште годинава обезбеди физичко обезбедување на централното училиште и видео надзор во помошната зграда, „Лазо Филипоски Лавски“ каде има 7 паралелки, преку јавна набавка во висина од 359.123 ден, средства од Локалната самоуправа.
Со 631.434 ден за подобрување на хигиената и дезинфекција, училиштето ова лето ги исфарба училниците, ходниците и канцелариите.
Се исфарба и спортската сала и изршено е комплетно уредување на библотеката со нов инвентар.
Благодарение на добрата соработка на раководниот тим и родителите, Советот на родители од ова училиште донираше 480 нови лектирни изданија.
Ова училиште за грижата на учениците со посебни потреби адаптираше просторија за децата со посебни потреби како и три помали магацински простории за свои потреби.
Училиштето доби во донација: два телевизори, поликолор и бои, кои ги обезбедија иселениците во соработка со Локалната самоуправа.
Хортикултурно комплетно се уреди дворот со помош од целокупниот персонал на училиштето, а се поврза со водоводна мрежа и се адаптираше кабинетот по хемија.
Здружението на слепи лица од Прилеп, Национален сојуз на слепи на Република Македонија, во соработка со ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” Прилеп, денес организираа спортски активности и натпревар во ,,Голбол” помеѓу вакви здруженија и клубови од повеќе градови од Македонија, во спортската сала на училиштето. Секоја чест за Влатко Кузманоски – директорот на ООУ “Кире…
Екипата на Прилепска “Победа” моментално се наоѓа на втората позиција во “Втората македонска фудбалска лига во источниот регион”. Имено, Прилепска Победа е еден од најголемите конкуренти за првата позиција, а со самото тоа и враќање во првата лига. ФК „Победа“ денеска во 15:00 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе го пречека тимот на “Кожуф”…
На 20-ти јуни оваа година, во фоајето на НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, свој концерт на пијано ќе одржи Ивана Мазнејкова, која што воедно е ученичка во СМУ „ Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на проф. м-р Славчо Величков. Мазнејкова, првите часови по пијано ги добива во Струмица од нејзините родители, професори по пијано….
Се предлага законското решение од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Целта е да се направи интервентна измена, во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир како резултат на трагедијата во ноќниот клуб во Кочани што предизвика сериозни последици по животот на голем број граѓани. Имајќи ги…
Под слоганот “Денес за утре“ веќе трет ден во Битола се одржува најновото 55 издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“- Битола кој ќе трае до 31 јули. Во 1971 година, во Македонија, една голема идеја, една желба на група стручни луѓе, ентузијасти, сонувачи, визионери, стана стварност. Се создаде жариште, вруток, срце…
Овој четврток во Фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, посетителите ќе можат да се запознаат со изложба од 20 дела од Унгарците кои живеат во Македонија, како и со настап на музичари. Манифестацијата е дел од активностите на Унгарското Здружение во Македонија Теледом и Амбасадата на Унгарија, со кои Центарот има долгогодишна соработка.Воедно ќе…