ФК „Победа“ денеска во 15:00 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе го пречека тимот на “Кожуф” од Гевгелија

Сподели го ова:





























Екипата на Прилепска “Победа” моментално се наоѓа на втората позиција во “Втората македонска фудбалска лига во источниот регион”. Имено, Прилепска Победа е еден од најголемите конкуренти за првата позиција, а со самото тоа и враќање во првата лига. ФК „Победа“ денеска во 15:00 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе го пречека тимот на “Кожуф” од Гевгелија. Велешанецот Иванов ќе го суди денешниот меч со Кожуф, а Никола Иванов од Велес е делегиран како главен судија за овој фудбалски натпревар од 19 коло на Втората лига-Исток Победа-Кожуф, кој ќе се игра денес на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Ќе му помагаат сограѓаните Петар Новачев и Александар Ајдаров, а 4-ти судија ќе биде прилепчанката Ирена Велевачкоска. Делегат на натпреварот ќе биде Гоце Цветаноски од Демир Хисар а контролор на судењето Миле Стојчевски од Скопје.






Сподели го ова:

Слични објави