Градоначалникот Јовчески и денеска продолжи со посетата на училиштата во Општина Прилеп и правеше увид во реализацијата на сите проекти
Сподели го ова:
Градоначалникот Јовчески и денеска продолжи со посетата на училиштата во Општина Прилеп, и правеше увид во реализацијата на сите реализирани проекти. Денеска во неговата агенда на посети беа прилепските основни училишта ООУ „Климент Охридски“ и ООУ „Добре Јованоски“.
Како што истакна Јовчески, еве што поточно е направено во овие две училишта во општина Прилеп:
Oд 1-ви декември па досега во ООУ „Климент Охридски“
континуирано се инвестираше:
Комплетно уредување на школскиот двор.
Нови огради на двете страни на фудбалското игралиште.
Два кошеви за баскет.
Комплетна реконструкција на тоалетите во посебното училиште.
Адаптирана нова спортска сала за децата со посебни потреби.
Реконструкција на престој.
Комплетна реконструкција на сензорната соба во посебните паралелки.
Доопремување на ресурсни материјали за дефектолозите.
Градежна реконструкција на школскиот двор во подрачното училиште во с.Мажучиште.
Нови пвц врати во внатрешниот дел на подрачното училиште во с.Мажучиште.
5 смарт телевизори за новата концепција на учење.
Комплетна реконструкција на просториите за техничкиот персонал.
Комплетна реконструкција на 1 и 2 кат на ѕидовите во училиштето.
Нова комплетно уредена библиотека во училиштето.
Комплетна реконструкција на сите тоалети во училиштето(6 тоалети)
Смена на сите светилки,во замена со смарт лед светла на сензор.
Комплетно опремување на спортски ресурси за во двете сали.
Нов кабинет по природни науки со поставување на комплетен одвод и довод.
Комплетно варосување на ходниците во училиштето и стоматолошката ординација.
Набавка на преку 50 столчиња.
Замена на дел од стаклата на задниот дел на влезот,со перфорирани стакла.
Комплетно преуредување на зелената површина во училиштето на 3 паркови.
Сите овие поправки и реконструкции со цел подобрување на образовниот процес во ООУ „Климент Охридски“ се обезбедени од финансискиот план на локалната самоуправа. Што се однесува пак до ООУ „Добре Јованоски“, ова училиште овој летен распуст максимално го искористи во подобрување на своите услови за работа и тоа:
Поставувајќи наставно – образовни помагала (смарт табли) во вредност од (521.520 ден) со средства од буџетот на Локалната самоуправа – Прилеп.
Грижејќи се за подобра безбедност на учениците, ова училиште годинава обезбеди физичко обезбедување на централното училиште и видео надзор во помошната зграда, „Лазо Филипоски Лавски“ каде има 7 паралелки, преку јавна набавка во висина од 359.123 ден, средства од Локалната самоуправа.
Со 631.434 ден за подобрување на хигиената и дезинфекција, училиштето ова лето ги исфарба училниците, ходниците и канцелариите.
Се исфарба и спортската сала и изршено е комплетно уредување на библотеката со нов инвентар.
Благодарение на добрата соработка на раководниот тим и родителите, Советот на родители од ова училиште донираше 480 нови лектирни изданија.
Ова училиште за грижата на учениците со посебни потреби адаптираше просторија за децата со посебни потреби како и три помали магацински простории за свои потреби.
Училиштето доби во донација: два телевизори, поликолор и бои, кои ги обезбедија иселениците во соработка со Локалната самоуправа.
Хортикултурно комплетно се уреди дворот со помош од целокупниот персонал на училиштето, а се поврза со водоводна мрежа и се адаптираше кабинетот по хемија.
Денеска околу два часа по полноќ, поточно во 2 часот и 32 минути, со една минута молк пред дискотеката Пулс во Кочани беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот каде животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. – Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 02:32 часот, моментот…
Новата учебна година е веќе пред самиот почеток. Учебната година е на прагот, а најрадосни од сите се првачињата кои што со нетрпение го очекуваат првиот училишен час. Наставата во оваа 2022/2023 година за сите ученици ќе се реализира во отворени училишта, и после толку години без антиковид-протоколи и без обврска за носење заштитни маски….
На 28.01.2026 во 01:30 часот на ул. „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Т.(43) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно…
Tри сребрени кандила од Бигорскиот Манастир, ќе горат на гробот на Пресвета Богородица во Ерусалим. “Сега би сакале да ја изразиме својата голема и света благодарност кон мајката наша Богородица со еден скромен подарок за Нејзиното најголемо светилиште. Имено, уште при нашето сослужение во Гетсиманија, посакавме и ветивме да даруваме три сребрени кандила за светиот…
Засилување на медицинскиот тим – Нови 22 доктори во службите на Болницата „Борка Талески“ – Прилеп. Од денес прилепската болница е засилена со 21 нов доктор по општа медицина и еден доктор по стоматологија. “Новопримените доктори, млади професионалци со свежа енергија и силна посветеност кон медицинската пракса, ќе бидат распределени во различни служби согласно потребите…
Синоќа во големата сала во охридскиот Центар за култура, урнебесните актерии од Солза и смеа прославија 30 години со нивната најнова комедија на која охриѓани се смееа на секои 5 секунди! Имено, “Солза и смеа” синоќа пристигнаа во Охрид во големата сала во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид каде ПРЕМИЕРНО пред Охриѓани ја…