Градоначалникот Чонески со специјално изненадување за најмладите крушевчанчиња, два детски настани на 08 септември на сцената во Крушево

Сподели го ова:





























По повод Денот на Ослободувањето на Крушево, 8-ми септември, како и Денот на Независноста на нашата земја, градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, подготви специјално изненадување за најмладата крушевска публика. Имено, Чонески и Општина Крушево се покровители на театарскиот – музички настан “Од Крушево за децата”, кој ќе се одржи на сцената во салата на Горната училишна зграда во Крушево во 18 часот. Имено, во Крушево ќе настапи прилепскиот “Весел театар” со театарската претстава за деца “Трите музички прасиња”, претстава со која ова лето прилепскиот Весел театар гостуваше во Скопје, Битола, Делчево и Охрид, а минатата недела со истата оваа претстава имаа спектакуларен настан во Велес, каде беа дел од официјалната програма на Велешкото културно лето.

Исто така, освен театарска претстава, најмладите крушевчанчиња ќе уживаат и во музичкиот детски караван “Од детските срца за Македонија”, кој исто така ќе пристигне во Крушево на 8-ми септември, каде детски музички ѕвезди од цела Македонија ќе се претстават пред публиката на сцената во Горната училишна зграда со новокомпонирани детски мелодии.

Веднаш после завршувањето на овие два детски настани, во 20h започнува и програмата наменета за повозрасните крушевчани, каде на сцената на плоштадот во Крушево, свое стендап шоу ќе има стендап комичарот Бојан Велески.

Крушево Ве очекува! Сите заедно да го прославиме

Денот на Ослободувањето на Крушево, 8-ми септември, како и Денот на Независноста на нашата земја.

Влезот за сите три настани Е БЕСПЛАТЕН!

Покровители: Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески и Општина Крушево.




Сподели го ова:

Слични објави