ГО ФАТИЛЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО КАКО ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАР! Приведено е лице поради предизвикување на пожар
Сподели го ова:
Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска (21.07.2024) по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека НН лица ја палат депонијата која се наоѓа на патот с.Горно Оризари – с.Клуковец, веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ПС-ОН Велес, при што е затекнат С.Ц. од с.Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е предизвикан пожар при што е опожарена сува трева.
Од страна на полициските службеници С.Ц. е лишен од слобода, а предизвиканиот пожар е изгасен.По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело “предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.Министерството за внатрешни работи продолжува со активностите под оперативната акција „Пожар 2024“ и апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.
Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми. Ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.
Општина Битола, ги известува граѓаните дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на ул.„Довлеџик“. Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција, во деновите 27.05.2022, 28.05.2022 и 29.05.2022, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на ул.Довлеџик со ул.Големо Езеро до мостот на р.Драгор. Поради тоа, улицата ќе биде…
Вечерва во амфитеатарот во прилепската населба Варош, ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп прослави 35 години постоење, а амфитеатарот беше исполнет до последното место. На настанот, свој говор имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп, Дејан Проданоски. Со свечена програма, прилепчани вечерва одбележаа 35 години од…
Марија Шерифовиќ, DNK i Тропико бенд ќе бидат дел од големата прослава која ќе се случи денеска на градскиот плоштад во Прилеп по повод 100 години Прилепска Пиварница. Вечерва, Прилеп “ќе гори” од добра музика, а се очекуваат гости од цела Македонија Прилепска Пиварница продолжува со прославата на големиот роденден! На 13 јули на плоштадот…
Денешниот прв ден во оваа недела која штотуку започна, донесе сонце меѓутоа и студени утрински температури. Имено, во 07 часот температурата во Прилеп изнесуваше само еден степен над нулата. Според нашите информации, утрово во Прилеп ќе студено, а преку денот ќе имаме претежно сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Прилеп…
Градскиот часовник во Прилеп, повторно блесна во својот препознатлив сјај. Имено, од вечерва градскиот саат во Прилеп, после повеќе години е повторно целиот осветлен. Веста ја соопшти прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, кој истакна: “Градскиот саат – гордоста и симболот на Прилеп! Во срцето на нашиот Прилеп, гордо се издигнува Градскиот саат, сведок на времето, истрајноста…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, донесе Одлука врз основа на која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,75%, во однос на одлуката која беше донесена на 25.08.2022 година. Од утре, односно од 27.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин…