Во амфитеатарот во прилепската населба Варош, ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп прослави 35 години постоење
Вечерва во амфитеатарот во прилепската населба Варош, ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп прослави 35 години постоење, а амфитеатарот беше исполнет до последното место. На настанот, свој говор имаше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп, Дејан Проданоски.
Со свечена програма, прилепчани вечерва одбележаа 35 години од основањето на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во градот под Марковите Кули.
Ова не е само бројка – тоа се 35 години идеја, визија и дело, создадени со пожртвуваност на генерации кои ја ставаа Македонија на прво место – порачаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп.
