Гимнастичарките од Естетската гимнастика “Авантгард” се вратија од Србија со еден грст медали
Секоја изведба е можност да се подигне знамето високо и да се покаже на светот на што сме способни. Гимнастичарките од Естетската гимнастика “Авантгард” не само што се амбасадори на својот спорт, туку и на нашата татковина и град, носејќи го знамето со чест и достоинство на секој натпревар.
На турнирот по естетска ритмичка гимнастика „ЕВИТАКУП“, кој се одржа на 15/16.03.2025 година во Свилајнац, Србија, клубот „АВАНТГАРД“ учествуваше со девет натпреварувачи и ги зазеде следните места:
Честитки до сите учеснички за нивните извонредни резултати! Вашите успеси се доказ за посветеноста, талентот и љубовта што ја имате кон спортот. Продолжете да се стремите кон нови успеси и бидете пример за сите млади таленти!