До четврток целосно ќе бидат асфалтирани 5-те улици во битолското село Трн

Сподели го ова:





























Пред две недели започна реконструкцијата на пет улици во селото Трн, а од денеска се асфалтира и се очекува со асфалтирање да се заврши до в четврток.

“Денеска увид во градежните работи извршив заедно со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски и надлежните лица за овој проект.

Реконструкцијата опфаќаше пет улици со вкупна должина од 1021,14 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од 50 см.

Вкупната вредност на проектот е 7.181.218 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку вториот владин повик.

Со ова се подобрува патната инфрастуктура и во руралните средини, а општината останува посветена на подобрување на условите за жителите на Општина Битола.

Вредно е да се напомене дека за кусо време, односно со динамична работа проектот се финализира” – истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави