ГАЛЕРИЈА: Штотуку засадените темјанушки во прилепската чаршија, “страмежливо” го разубавија денешното неделно утро
Веќе трет ден, откако есента царува во нашиот град. Ова годишно време постепено веќе започна да го бои градот Прилеп во карактеристичните есенски бои, и да го создава оној “препознатлив пејзаж” кој што е карактеристичен за овој период од годината.
Во склоп на доаѓањето на есента, деновиве ЈКП ,,Комуналец’’ – Прилеп, во цветните алеи низ парковите и жардиниерите по јавно прометните површини, презеде “работна есенска акција” со помош на која што засади поголема количина на есенско цвеќе (темјанушки), а исто така се засадуваше и (зимзелена) украсна туја.
Есента штотуку пристигна… Да уживаме во убавите природни работи кои ни се дар од Бога!
