(фото) Прилеп како “Београд на води”! Две фотелји пливаат во исчистениот Дабнички канал
Денеска и две фотелји пливаат во бистрата вода на исчистениот Дабнички канал.
Исфрлен мебел во исчистениот Дабнички канал, по крајот на банкините иако исчистено фотографиите говорат како никогаш да не било чисто.
Нема решение, ниту спас за отпадот кој се создава и исфрла од несовесни граѓани по ул,, Дабнички завој’’. Не е подобра ниту состојбата со поставените контејнери пред мостот кај касарната. Овие контејнери се поставени за станарите од станбениот блок, дополнително се постави и контејнер од 5 метри кубни. И повторно сликата е разочарувачка. Секојдневно контејнерите се дел превртени, дел скоро испразнети и сиот отпад се најдува надвор од контејнерите. Наутро рачно се собира од комуналните работници.Не упатуваме повеќе ниту апел, ниту молба, зашто тоа не помага. Улицата затрупана со отпад ќе се исчисти од страна на комуналните работници. До кога?! -стои во објавата на прилепски Комуналец.
