ПОЗДРАВ ОД ОХРИД: Две слатки – украсни зајачиња, за сликање “подаваат рачиња”

Сподели го ова:





























На плоштадот Свети Климент Охридски во Охрид, се поставени голен број на велигденски украси, а помеѓу сите нив се и овие велигденски зајачиња, кои за сликање “подаваат рачиња”.

Украсите се дело на академскиоит скулптор Зорица Азеска Спасеска, професорка по ликовно образование во ООУ Ванчо Николески од Лескоец.

Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити и украси кои ќе го красат градот за време на Велигденските празници. Целта е секој кој ќе се фотографира пред наведените украси со себе да понесе фотографија – од убавиот Охрид.




Сподели го ова:

Слични објави