Две ученички од прилепската гимназија станаа државни шампиони по Македонски јазик и литература
Гимназијалците – македонисти уште еднаш го покажаа целиот свој талент и потенцијал. На Државно натпреварување одржано на 1.6.2024 во Скопје, на Филолошкиот факултет, двете наши ученички станаа државни шампиони во својата конкуренција.
- Марија Јованоска III-8 клас е најдобра во категоријата за ученици од трета година.
- Ивана Атанасоска II-7 беше најдобра меѓу своите врсници од втора година на државно ниво.
Сето ова значи дека Гимназија “Мирче Ацев” има двојни државни шампиони по Македонски јазик и литература.
Вредно за напоменување е и тоа дека и на претходното државно првенство токму овие ученички беа шампион (Марија Јованоска) и вицешампион (Ивана Атанасоска) .
На последните два државни натпревари освоени се три први места и едно второ што е успех за почит.
Ментор на двете ученички е професор Мартин Наумоски.
