ДО КОГА ВАКА: Нашите прилепски сограѓани кои се вработени во Македонски пошти повторно се без плати
Нашите прилепски сограѓани кои се вработени во Македонски пошти повторно се без плати, при што тие веќе втора недела (од законскиот рок за земање на плата) немаат добиено плата. Во Македонски пошти повторно стравуваат да не му се повтори старото сценарио каде што извезен период немаа земено плата.
“Доаѓа есен, потребни ни се парите, планирав да правиме зимница, меѓутоа сега за сега ништо од тоа.. .Да не даде Господ да не се повтори она време кога немавме земено неколку плати… Искрено не знам до каде ќе води ваквата ситуација..” -изјави еден вработен во прилепската подружница на Македонски пошти кој што не замоли да остане анонимен – бидејќи се плаши да не го изгуби своето работно место.
Инаку генералниот директор на Македонски пошти – Васко Стефанов, ветил дека плата ќе имало до крајот на август, а плус тоа дал ветување и дека на почеток на октомври вработените ќе ја добијат платата за месец септември, меѓутоа засега ништо од сето тоа.
