Директорката Магдеска Николоска, го посети семејството кое заради големиот пожар остана без покрив на главата
Директорката на ООУ Добре Јованоски – Прилеп, Панде Магдеска Николоска заедно со претставници од нејзиното училиште, денеска го посети семејството Џемаилоски од Прилеп, кое заради големиот пожар остана без покрив на главата.
“Драги хумани луѓе,
Во страшен пожар кој се случи на 26 мај 2025г, целосно изгоре куќата на нашата ученичка Садрије Џемаллоска, ќерка на Билен и Ѓулистана Џемаилоски од Прилеп, оставајќи ги без покрив над глава и без основни средства за живот.
Семејството во моментот се наоѓа во тешка состојба и има итна потреба од:
Секој ваш придонес, колку и да е мал, значи надеж и поддршка за ова семејство кое изгуби сè во еден момент.
Донации можете да уплатите на:
Жиро сметка: 210501734948354
Назив на примач: Филип Стојаноски – ( наведената особа излегува во пресрет, бидејќи сите документи на семејството се опожарени)
Цел на дознака: Помош за семејството чиј дом изгоре
За донации во вид на облека, храна или други потребни работи, јавете се на:
078/230-041, Панде Николоска – Директор на ООУ,, Добре Јованоски “
Да покажеме дека човечноста и солидарноста се живи. Да помогнеме онаму каде што е најпотребно” – информираат од ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп.
