ДЕТСКИ СПЕКТАКЛ НА ГОДИНАТА: На 18 и 19 април во “Марко Цепенков” слушнете ги ПРЕМИЕРНО најновите хитови од 6-то издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:






























Модерен, детски – светски бренд!!! Да, токму така! Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” е единствениот фестивал во светот кој што од страна на публиката е прогласен за Модерен, детски – светски бренд!

Најновите детски хитови од најновото 6-то фестивалско издание, публиката ќе има можност ПРЕМИЕРНО да ги слушне во Прилеп на 18 и 19 Април во НУЦК “Марко Цепенков”.

Фестивалски претстави за дечињата од училиштата и градинките на 18 и 19 април, додека пак вечерната фестивалска претстава е на 19 април (петок) во 19 часот. Како и секоја година, така и оваа ќе биде разиграно, распеано и веселоооо! Дојдете заедно да ги слушнеме ПРЕМИЕРНО најновите детски хитови и да се дружиме со урнебесните кловнови и маскотата од Веселото Ѕвонче За секоj посетител подарок од “Ladna voda”. Цена на билет: 200 денари, а за училиштата и градинките билетот изнесува 150 денари.

Влезниците за вечерната фестивалска претстава која ќе биде во петок на 19-ти април, ќе бидат пуштени во продажба од овој петок од 19 часот во игротеките: Дизни, Моја Бајка и Бамби.

Се гледаме на фестивал!

Ве поздравуваат Вашите и наши ВеСелИ ЅвОнЧиЊа

Шеста година по ред –Ве каниме сите Вас…

Бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас,

и дојдете заедно да се дружиме, сликаме и пееме со распеаното Весело ѕвонче

на најновото – шесто фестивалско издание на Детскиот музички фестивал

“Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп, 2024




Сподели го ова:

Слични објави