Денеска во посета на Општина Прилеп беше Килик-градоначалникот на турскиот град Буџа

Сподели го ова:





























После одлуката на Советот на Општина Прилеп за потпишување на Повелба за збратимување, соработка и пријателство на Општина Прилеп од Република Македонија и градот Буџа од Република Турција, денес во посета на Општина Прилеп беше делегацијата предводена од градоначалникот на оваа турска општина г-дин Ерхан Килик.

“Споделувајќи ја заедничката желба за меѓурегионална економска соработка, меѓународен мир и добродит, со стремеж кон општо разбирање во своите земји и народи, заради подобрување на нивниот живот во заедницата, развивање на културните, пријателските и економските врски, соработката и обичаите денес бевме домаќини на претставниците од општина Буџа предводени од градоначалникот. Исто така, вредно е да се напомене дека општина Прилеп е една од најактивните македонски општини кога е во прашање збратимувањето со многу европски и светски градови, а ова е доказ дека Прилеп ќе биде отворен за соработка со цел промоција на сето она што го поседува како културно наследство, а истовремено и зајакнување на стандардот на сите граѓани со значителен економски развој. Како градоначалник сакам да искажам голема благодарност за интересот и желбата за соработка на општината Буџа, истовремено заложувајќи се за продлабочување на таа соработка со цел да ги зајакнеме нашите односи како збратимени општини што во иднина би било од заеднички интерес на нашите граѓани” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави