Денеска во Битола, голем стендап спектакл во Центарот за култура! Никола Тодороски со големо стендап финале пред битолската публика

Сподели го ова:






























По барање на битолската публика, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски денеска доаѓа во Битола, меѓутоа премиерно само за битолчани, ќе го изведе неговото најново, спектакулатно стендап шоу со наслов: “THE BEST OF со Никола Тодороски”. Станува збор за неговите најаки, најдобри и најспешни фори со помош на кои сите овие години наназад, Тодороски успева да го насмее цел Балкан! Публиката, пред настапот на Тодороски, ќе ја загрее Никола Силјаноски Братучед, а веднаш потоа следува спектакуларниот настап на единствениот Никола Тодороски.

Овој најнов стендап на Никола Тодороски со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи.  Ова е човекот кој ги полни салите низ Македонија по 3-4 пати. Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Штип и каде ли уште не, каде и да се појави се бара “билет повеќе”. Сето ова е доказ дека Никола Тодороски е ЦАРОТ НА СТЕНДАП НАСТАПИТЕ ширум Македонија, а веќе извесен период неговите настапи се бараат и во Србија.

По барање на битолската публика, овој настап ќе се случи во Центар за култура-Битола, денес на 14 мај 2025 година со почеток од 20h. Билети на билетарата во Центар за култура Битола, како и низ сите Димпо Тобака низ Битола.

Резервација на билети на 078/66-77-97.

 Шоуто е забрането за лица на кои од страна на доктор му е препорачано задолжително да избегнуваат смеење на секои 10 секунди, и тоа цел час и половина – односно онолку колку што ќе трае ова спектакуларно стендап шоу!!!




Сподели го ова:

Слични објави