Проданоски: Општина Прилеп се дигитализира!

Сподели го ова:






























Пратеникот и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, на денешната конструктивна средба со претставниците на ИТ секторот во Прилеп истакна:

“Денес продолжуваме со реализација на визијата за современа, ефикасна и транспарентна локална самоуправа. Заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, одржавме конструктивна средба со претставниците на ИТ секторот во Прилеп.

На средбата беа презентирани тековните дигитални проекти кои веќе се реализираат, како и новите иновативни решенија што во наредниот период ќе ја подобрат поврзаноста меѓу граѓаните и локалната власт. Целта е преку дигитални алатки да се олесни пристапот до јавните услуги, да се зголеми транспарентноста и да се поттикне поголема ефикасност во работењето.

Со заеднички напори на Општина Прилеп, Министерството за дигитална трансформација и ИТ заедницата, градот се движи кон вистинска дигитална иднина – модерен, паметен и поуслужен Прилеп за сите негови граѓани” – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави