Денеска се донесе закон со кој малолетниците нема да смеат да возат електрични тротинети

Сподели го ова:





























После неколку денови во собраниска процедура денес се изгласани измените во “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата”

Со законските измени се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20км/ч, согласно препораките на Европската унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип на возила и други измени.

Се заострува казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото – возење од малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување на друго лице, возење под дејство на алкохол.

Се пропишува, минималната возраст да биде од 18 години за управување на овие возила.

Свесни дека оваа мерка е строга и дека е висока.

Но истата ја предлагаме со една и единствена цена, да ги заштитиме младите учесници во сообраќајот.

Анализите на МВР покажуваат дека во повеќе од половината во несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна возраст.




Сподели го ова:

Слични објави