Убавина! Со песни, игри и одлични рецитали, во ООУ “Рампо Левката” се одбележа светската недела на детето
Во рамките на Детската недела, првачињата од ООУ Рампо Левката-Прилеп имаа можност да ја проследат програмата која во нивна чест ја подготвија повозрасните другарчиња.
Со песни, игри и рецитации им посакаа среќно детство исполнето со игри и смеа и училишни денови исполнети со безброј успеси и другарување.Директорот на училиштето Жарко Бабаноски во своето обраќање на првачињата им посака на учениците да ги почитуваат своите родители и наставници, да стекнуваат што повеќе знаења, како и да бидат гордост на училиштето.
