Денеска на „Чист понеделник“ прилепските мечкари со традиционална посна трпеза ќе ја заокружат годинешната прослава на Прочка
Денеска на „Чист понеделник“ со традиционална посна трпеза ќе заврши годинешната прослава на Прочка. Корените, традицијата и обичаите како нераскинлив дел во постоењето на нашата милениумска македонска историја ни давааат обврска дека мораме да ги почитуваме и да ги негуваме, а со самото тоа цврсто да ја чуваме нашата врска со се она што претставува македонска вера и традиција.
Денеска во Прилеп ќе има традиционална посна трпеза, со која ќе се заокружи годинешната прослава на Прочка.
23. Февруари 2026 (понеделник) 12:00 часот:
Одбележување на „Чист понеделник“
Традиционален заеднички ручек со Здружението Прилепски Мечкари
Локација: Манастир Св. Ѓоргија- Присад
