ВНИМАВАЈТЕ, ПОЛИЦИЈА НА СЕКОЈ ЧЕКОР: Вкупно 50 санкции за недавање првенство на минување
Како во градот под Марковите Кули, така и во останатите градови низ целата наша земја, на главните улици и на раскрсниците постојано има полиција “речиси на секој чекор”.
Затоа апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, посебно при давање првенство на минување, бидејќи во текот на вчерашниот ден на територијата на цела наша земја, МВР санкционира 50 возачи за недавање првенство на минување.
Во текот на вчерашниот ден (26.09.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 50 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
