Дел од Битола денеска е без вода – “Битолски Водовод” непрекинато работи проблемот да го реши и водоснабдувањето да се стабилизира во вечерните часови
Почитувани,
Ве известуваме дека поради дефект на пумпа во пумпната станица „Довлеџик“, поголем дел од ниската зона на град Битола е без вода.
Дефектот е саниран и во тек е монтажа на пумпата.
Очекуваме водоснабдувањето да се стабилизира во вечерните часови.
Ви благодариме за разбирањето – информираат од ЈКП Водовод-Битола.
