Да донираме – кој колку може, за да повторно ја вратиме насмевката на Бела!!

Сподели го ова:






























Бела, се соочува со церебрална парализа, кортикално оштетување на видот и фокална епилепсија. Потребно е итно лекување, па за таа цел се замолуваат сите хумани граѓани да донираат за да повторно ја вратиме насмевката на Бела.

“Бела се роди предвреме, среде пандемија, во време кога целиот свет беше во страв, а ние уште повеќе – затоа што нашето бебе се бореше за својот прв здив.Со сепса, хипоксија и крварење на мозочето, прогнозите беа тешки, речиси безнадежни. Но, Бела не се предаде. Покажа каков борец е уште од првиот ден. Преживеа. Победи.

Но борбата не заврши таму. Како последица на тие компликации, денеска Бела се соочува со церебрална парализа, кортикално оштетување на видот и фокална епилепсија.Започнавме со рехабилитација тука, во Македонија, но за подобри шанси ја продолживме и во Србија, Хрватска, Словенија, Грција и Бугарија. Секој пат, со нова надеж, со нова енергија, со нова верба. Благодарение на интензивната работа и стручните тимови, има напредок. Мал, но вреден секој здив. Сепак, времето е скапоцено. Оштетувањата се длабоки, а шансите за поголем напредок зависат од интензитетот и квалитетот на третманите.Неодамна слушнавме за нов метод – неинванзивен,се спроведува во истражувачки центар во Монтереј, Мексико, и е во процес на одобрување од FDA.За нас, ова не е само надеж – ова е можност Бела конечно да го добие детството што го заслужува. Се обраќаме како родители и како луѓе што ја чувствува болката на своето дете и што секојдневно се буди со надеж дека ќе ѝ биде подобро. Помогнете и на Бела да го добие својот глас, својата стабилност, својата детска насмевка на своето лице. Помогнете и да победи во оваа борба – истакнуваат нејзините родители.

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut.

Кликнете на линкот за да видите како да донирате!!!

https://pavelandreev.org/…/pomognete-da-ja-vratime…

https://pavelandreev.org/…/pomognete-da-ja-vratime…

Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно




Сподели го ова:

Слични објави