Македонија е подготвена! Вечерва, Македонија на “СВЕТСКО” против големата Франција
Последното коло од Светското првенство во ракомет ќе се одигра денеска (сабота), со натпреварите помеѓу Холандија и Австрија, па веднаш потоа следи натпреварот помеѓу Катар и Унгарија.
Додека пак денеска, во вечерниот термин Македонија ќе игра против големата Франција. Репрезентацијата на Македонија денес ќе има тешка задача за да издвои победа над Франција. Она што ни е олеснителна околност во овој натпревар, е тоа што французите ја заверија првата позиција, па не мора многу да се трудат за дуелот со Македонската ракометна репрезентација. Како и да е, вечерва ни претстои голем возбудлив натпревар каде македонските ракометари повторно на терен ќе го покажат својот голем ракометен потенцијал!
