Чонески: Ќе создадеме услови за развој на спортисти кои освојуваат врвни резултати

Сподели го ова:































Голем спортски успех постигнаа ученичките од СОУ “Наум Наумовски Борче” од Крушево. Имено станува збор за Софија Хасану и Фани Јованоска, кои на државното првенство во пинг понг за средни училишта – женска категорија во Пехчево, денеска ги освоија следниве две високи места:

Софија Хасану – прво место

Фани Јованоска – трето место

Веднаш после овој голем успех на овие млади крушевчанки, градоначалникот на Општина Крушево на неговите сограѓанки му го честита овој голем успех, а воедно порача дека како градоначалник на Општина Крушево ќе создаде услови за да овие таленти поефикасно се негуваат и развиваат целосно подготвени за врвни успеси и резултати!




Сподели го ова:

Слични објави