СПЕКТАКУЛАРНО 8-МО ИЗДАНИЕ НА ДЕТСКИОТ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ “ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА BY JANA”
Прекрасна слика на ЕДИНСТВЕНИОТ ПРИЛЕПСКИ ФЕСТИВАЛ КОЈ ШТО МОЖЕ ДА СОБЕРЕ ПРИБЛИЖНО 2500 ПОСЕТИТЕЛИ ВО НУЦК “МАРКО ЦЕПЕНКОВ” ВО ПРИЛЕП.
Искрено, во Прилеп постојат и други фестивали и мали хорчиња, меѓутоа ваков рекорд до сега има направено само Гоце Балада и прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно единствениот фестивал во нашата земја кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!!! Заради големиот интерес за следење на фестивалот, освен прилепската публика и прилепските ученици, за гледање на фестивалот организирано во Прилеп пристигнаа ученици од Битола, Охрид, Крушево… Сето ова подразбира дека градот под Марковите Кули овој вторник беше центарот на Македонија каде премиерно можеше да се слушне детската македонска песна.
Ова претставува голем рекорд и гордост за градот Прилеп! На фестивалот настапија учесници од повеќе градови од нашата земја на возраст 4 до 14 години, а како и секоја година – најмногу учесници имаше од градот под Марковите Кули.Прилепската публика со задоволство, ПРЕМИЕРНО ги слушна најновите детски хитови од најновото 8-то фестивалско издание, кое се одржа овој вторник во НУЦК “Марко Цепенков”. Како и секоја година, така и оваа година беше разиграно, распеано и веселоооо!
Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец април 2027 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/867-169.
